Претпладне времето ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, особено во јужните делови.
Околу пладне и попладне ќе дува умерен повремено засилен северен ветер.
Попладне променливо и нестабилно облачно со повремени врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме ( се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог) и можна е појава на град.
Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта, повеќе во јужните делови од земјава. Вкупните врнежи на места ќе надминуваат 25 л/м2.
Утре ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и услови за краткотрајна нестабилност ќе има претежно во јужните делови. Дневната температура ќе биде пониска за 6 до 8 степени во споредба со денешната.