Променливо облачно време не очекува во текот на денешниот ден. Како што информираат од УХМР, на повеќе места во попладневните часови особено ќе има повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно засилен ветер и појава на град. Претежно нестабилно ќе биде на југот од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 31 степен.
Во Скопје претпладне времето ќе биде нестабилно со зголемена облачност, а попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
УВ-индексот ќе има вредност 6.
Утре се очекува стабилизирање на атмосферата, но ќе има и услови за појава на краткотраен дожд особено кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно претежно сончево време со повисока температура.