
Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилување на ветерот. Можно е изолирана појава на поинтензивни процеси со град и електрични празнења.
Во наредните денови во попладневните часови се уште ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, но претпладне ќе биде претежно сончево, а температурата повторно ќе биде во пораст.