Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност со повеќе сонце во јужните делови од земјата. Попладне нестабилно, особено во северните и источните делови. На места со пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.
Ќе дува слаб југозападен, а на местата со пороен дожд повремено засилен ветер. Максималната температура ќе се движи од 23 до 30 степени.
Периодот на нестабилно време продолжува се до крајот на рабоната недела. Нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе биде претежно во поладневните часови.