Денеска времето ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со засилен ветер и град.
Утре повремено ќе дува засилен ветер претежно од западен правец, а попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Во четврток и петок попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.