Попладне во Владата почнува дијалогот за зголемување на пензиите

Во Владата попладне ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.

Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економнски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

– Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите, велат од Владата.