Попладне втора средба на Синдикатот на УПОЗ и Владата

Синдикатот на УПОЗ попладне повторно треба да се сретне со претставници на Владата. На средбата ќе се разговара за барањата на вработените во судската и јавнообвинителската служба кои бараат зголемување на платите за 78 проценти и исплата на додатоците за плата.

Минатата недела се одржа првата средба која заврши без конкретен договор. По средбата, претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изјави дека очекуваат конкретен предлог од Владата на следната средба.

– Се договоривме наредната недела да се достават уште неколку податоци, особено за судовите. Тоа ќе го направи Министерството за финансии. Ќе се сретнеме во вторник или во среда уште еднаш за да видиме дали од спротивната страна ќе добиеме конкретна понуда за нашите барања, изјави тогаш Деаноски.

Штрајкот на судската администрација, според најавите на Синдикатот на УПОЗ, ќе трае додека не добијат одговор од Владата. Дотогаш, ќе се работат само итните случаи.