Попладнево дојави за поставени бомби во четири средни училишта

Нови дојави за бомби се пријавени во четири средни училишта во Скопје, јавуваат од МВР.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се вели во соопштението.

Заканите со бомби во училишта, хотели и разни институции меѓу кои и скопскиот аероодром веќе трет месец се проблем во неколку македонски градови. САД и Германија ги предупредија своите државјани кои ќе патуваат во Македонија да внимаваат.

Последната серија на закани за бомби беше регистрирана во петокот во 15 училишта – 10 во Скопје и пет во Биотла, но и на Меѓународниот аеродром Скопје, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), трговскиот центар „Ист гејт мол“, како и во хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“.

По проверките, се утврди дека сите дојави се лажни.