Попладнево се очекува пресудата за Миле Хаџиски за убиството на Мери Јошеска. По 22 години од убиството во скопски Аеродром, попладнево се очекува да му биде изречена пресудата на обвинетиот Миле Хаџиски.
Судскиот процес за овој случај започна на барање на Хаџиски, откако беше екстрадиран од Франција по 20 години во бегство. Тој тврдеше дека убиството има друга заднина и не призна дека го извршил убиството.
Според обвинението, по меѓусебна расправија, Хаџиски со два ножа повеќе пати ја избодел Јошевска и ја оставил да искрвави до смрт.
За овој случај имаше две судења, на првото судење беше осуден на 15 години затвор, но поради пропусти во постапката судењето беше вратено на повторно судење, а Хаџиски по 90 дена минати во притвор беше ослободен.
На повтореното судење, доаѓаше на неколку рочишта, но потоа избега од земјава.