Невреме со грмотевици и обилни дождови во петокот навечер поплавија делови од островот Крк. И покрај тоа што се појави сонцето, луѓето на Крк сѐ уште се во шок од последиците на невремето.
– Настрадаа моите култури, кромидот, доматите и компирите. Од механизацијата, два култиватори. Годинава нема зеленчук – изјави локалец на репортерката на ТВ „Дневник Нова“, Катарина Јусиќ Мезга.
– За кратко време падна големо количество дожд. Бевме поплавени, штетата ќе ја утврдиме дури кога ќе се ослободиме од водата. Тоа е природа и не можеш да се бориш со неа – рече жителка.
Поради невремето на терен излегле и пожарникарите.
– Во текот на ноќта почнавме со испумпување и отстранување на пречките од патиштата. Имавме два одрони од карпи каде што патиштата беа расчистени и отворени за сообраќај. Извадивме два заглавени автомобили – изјави Горан Грубишиќ, командир на ЈВП на градот Крк.
Речиси 300 мм дожд наврна на Крк во последните 24 часа, а најлошо е на Пониква каде се забележани 274 мм. Во градот Крк паднале 193 мм, додека во Брзац се измерени 109 мм.
Невремето остави трага и во другите делови на Хрватска. Под вода е и Умаг, каде во последните 24 часа наврнале 48,8 мм дожд.
Државниот хидрометеоролошки завод поради невремето ги вклучи алармите за временска прогноза низ државата. Сè е жолто, освен регионите Риека и Госпиќ, каде што е на сила портокаловиот аларм кој предупредува на пороен дожд и грмежи.