
Жагубица во источна Србија денеска е поплавена по поројниот дожд кој ноќеска и утринава паѓал во овој регион, а поплавени се улици и ов Врање и Бор,
Во текот на неколку часа во Жагубица паднаа 132 литри дожд, што е двојно повеќе од просечната вредност за целиот месец. Поголемиот дел од дождот паднал помеѓу 3 и 6 часот наутро по што врнешите околу пладне престанале. Поради големиот дожд се излеала реката Тисница.
Прогласена е вонредна состојба во општината Жагубица и седум други населби во кои проширила водата. Тимовите за итна помош и единиците за спасување на противпожарната служба се на терен.
Според пишувањето на локалните медиуми, домаќинствата се поплавени, а водите ги носела и автомобилите.
Големите проблеми на подрачјето на оваа општина предизвика и водата што се спуштила од околните ридови и планини.