Поплавени 10 куќи во Чешиново-Облешево

Силниот дождот што  вчера попладне ја зафати општина Чешиново-Облешево предизвика  поплави кај десетина хектари земјоделско земјиште насеани претежно со градинарски култури.

Градоначалникот на општината, Костадин Личков, изјави дека се поплавени и десетина куќи и помошни простории во овие две населени места.

Противпожарни екипи од Кочани и од Штип на барање на Општината интервенирале во одводнувањето на семејните куќи, подрумите и помошните простории.
Материјална штета е направена на регионалниот пат кај селото Соколарци, каде што од изутринава се работи на санирање на патот.