Поплавените куќи и улици во синоќешното невреме во Гостивар се исчистени, а штетите се санирани

Поплавените куќи и улици во синоќешното невреме во Гостивар се исчистени, а штетите се санирани, информираа од Центарот за управување со кризи.

Според информациите на терен, во Гостивар, најмногу пријави за штети има во населбите Бањешница, Циглана и селото Беловиште.

Невремето, како што информира ЦУК, предизвика и краткотраен сообраќаен хаос. На повеќе места обилните врнежи предизвикаа и помали одрони на земјиштето кои исто така со помош на механизација се санирани.

Силно невреме вчера попладне ги зафати Велес и Гостивар. Во градовите беа  поплави голем број улици и неколку домови.