
Силната бура и поројниот дожд што го зафатија грчкиот остров Самотраки предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.
Поради свлечишта островот практично е поделен на два дела, меѓу кои се прекинати сите сообраќајни врски.
Локалната власт ги повика жителите на островот да избегнуваат патувања со автомобил поради поплавените патишта.
Пристапот до некои села е во прекин, а еден мост е однесен од надојдените води.
Противпожарните екипи извадила четири автомобили заглавени под вода.
На островот има проблем со електроенергетската мрежа, а мобилната комуникација е невозможна.
Метеоролозите очекуваат бурата на островот да продолжи.