Поплави на Сибир, евакуирани 34.000 лица

Во поплавите на Сибир евакуирани се 34 илјади лица, а 18 илјади куќи се поплавени.

Повеќе од 9 илјади припадници на Руското Министерство за цивилна одбрана и вонредни ситуации се распоредени во четирите погодени региони, истакнал денеска рускиот министер ЕдуардЧизов.

sibir-poplava

– Спасувачите ја завршија евакуацијата и воспоставија контрола над загрозените. Моментално има повеќе од 9 илјади припадници, во четирите најпогодени региони. До овие региони се обезбедени 150 тони хуманитарна помош, додал Чизов.