Поплави во Хрватска: Цела населба под вода

Водостојот на реката Драва во Хрватска продолжува да расте, а во стариот дел на Содерица, таканаречениот Кетер, реката потопила сè што ќе ѝ се најде на патот.

Според објавените фотографии и видеа, над површината на водата останале само покривите на викендичките и неколку напуштени чамци.

Поради поплавите во касарната Ѓаково и Нашице дежураат 150 војници, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана.

Армијата е ангажирана во областа Хлебин од понеделник, 7 август, попладне. Хрватските војници во Ѓаково и Нашице ќе бидат распоредени на терен по потреба, односно на барање на Дирекцијата за цивилна заштита, која е одговорна за координација на активностите за одбрана од поплави.

Исто така, 17 припадници на хрватската армија со инженерски машини беа ангажирани за отстранување на последиците од невремето во Словенија, согласно наредбата на Министерството за одбрана и во согласност со одлуките на хрватската влада, пренесуваат агенциите.