Тројцата мажи биле пронајдени удавени во своите автомобили во близина на главниот град на Луизијана, Батон Руж.
Неколку стотици луѓе се евакуирани, а гувернерот на оваа сојузна држава, Џон Едвардс прогласи вонредна состојба, по што се затворени училиштата, владините институции и многу патишта. Поплавите се резултат на интензивните поројни дождови, кои доведоа до излевање на неколку реки.
Предупредување за опасност од поплави е издадено и за повеќе реони во Мисисипи.