Поплави во Србија, Белград го чека поплавниот бран

На територијата на Република Србија од загрозените подрачја до сега се евакуирани 25.070 лица, од тие од подрачјето на Обреновац се 7. 800 лица, каде што ситуацијата е најтешка, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи на Србија. Од таму наведуваат дека ниту еден објект на електраните Костолац и Теко Б не е поплавен, луѓето се на готовс, а производството се одвива непречено.

Вториот дел од хуманитарната помош на ОН со храна и вода на најзагрозените семејства ќе пристигне денеска во 11.15 часот на аеродромот „Никола Тесла“. Првиот дел од хуманитарната помош која се состоеше од агрегати, пумпи за вода и чамци за спасување, пристигна синоќа.

Претседателот на Република Србија, Томслав Николиќ ќе упати конвој со хуманитарна помош во најзагрозените места во Србија, соопшти Службата на претседателот за соработка со медиумите.

Компаниите ширум републиката се одзваа на апелот на претеседателот и учевствуваа во акцијата на собирање на помош за загрозените од поплавите.