![bo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/bo.jpg?resize=299%2C168&ssl=1)
Во Добој вчера е пронајдено тело на маж за кој е утврдено дека загинал во поплавите кои минатата недела го погодија тој град, со што бројот на жртвите во поплавите во БиХ е зголемен на 23, јави Танјуг.
Полицијата на Република Српска наведе дека е пронајдено телото на 41-годишен маж од местото Кожуха кај Добој, кој досега се водеше како исчезнат.
Полицијата трага по уште еден маж во Добој чие семејство пријавило исчезнување.