Една жена од српско потекло, починала во грчкиот град Аргос, каде е прогласена вондредна сосотојба поради поројните дождови што поплавија многу куќи и улици“, јавуваат грчките медиуми.
Лошото време предизвика проблеми во многу области на полуостровот Пелопонез, Јужна Грција.
Градоначалникот на градот, Димитрис Кампосос, изјавил дека пожарникарите се се’ уште на терен и продолжуваат да му помагаат на загрозеното население од поплавите предизвикани поради излегувањето на две реки од своите корите.
Во текот на неколку часа градот бил во тотален мрак, поради недостигот на елетрична енергија.
Поплави во текот на ноќта имало исто во Киато и Коринт. Поради надојдените води се затворени училиштата во Кинурија. Поради одрони движењето на моторни возила на двата автопати Триполи – Аргос и Патра – Коринт се врши само по едната лента.
Силниот ветер е откорнал многу дрвја во околината на градот Патра. Затворено е пристаништето во градот, но мостот Рио – Антирио е отворен.
Од утре синоптичарите предупредуваат пад на температурите и за појава на силен северен ветер.