Попоски денеска на повеќе средби во Брисел

Денеска, министерот за надворешни работи Никола Попоски учествуваше на првиот ден од средбата на министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој се оддржува во Базел, Швајцарија — земјата претседавач со ОБСЕ во 2014 година.

Министерот Попоски на своето обраќање се осврна на улогата на ОБСЕ, која е најголема безбедносна меѓувладина организација, истакнувајќи го нејзиниот значаен придонес кон мирот, стабилноста и безбедноста.

IMG_2455-2000

Состојбата во Украина беше една од главните теми на денешната дискусија. Во тој контекст, министерот Попоски истакна: “Главното прашање кое се поставува во моментот не е дали ангажманот на ОБСЕ е доволен, туку што може ОБСЕ повеќе да направи.”

IMG_2158-2000 - Copy

Попоски денес се сретна со Министерот за надворешни работи на Естонија, Кеит Пентус Росиманус, а оствари и повеќе неформални средби со своите колеги. Утре е предвидено да се сретне со Генералниот сескретар на ОБСЕ, Ламберто Заниер, со Високиот комесар за национални малцинства, Астрид Торс, и со Претставникот за слободата на медиумите, Дуња Мијатовиќ.