Попоски и Бесими ќе се сретнат со Филе

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими ќе престојуваат во работна посета на европските институции во Брисел.

За време на посетата ќе остварат заедничка средба со Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Штефан Филе на која ќе се разговара за исполнувањето на клучните приоритети од Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) како и за организирањето на следниот состанок на ПДВН, веднаш по изборите.

На состанокот исто така ќе се разгледаат перспективите на европскиот интегративен процес на Република Македонија во 2014 година. Се предвидуваат и други средби со високи претставници од европските инситуции.