Попоски и Бесими на неформален работен состанок во Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими ќе учествуваат на неформален работен состанок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија.

Состанокот, кој е во функција на европската интеграција на Република Македонија, ќе се одржи денеска во Брисел.

Овој неформален состанок е во функција на европската интеграција на Република Македонија, а се одржува на иницијатива на министрите за надворешни работи на Унгарија и Австрија, Петер Сијарто и Себастијан Курц. Исто така, на него се очекува да учествува и еврокомесарот Јоханес Хан.