Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска престојува во Брисел.
За време на посетата се планирани редовни разговори со пратениците во Европскиот парламент. Министерот ќе се сретне со европратениците: Елмар Брок, Иво Вајгл, Тања Фајон, Моника Маковеј, Едуард Кукан и Жозеф Дол.