
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе учествува на редовниот Состанок на министрите за надворешни работи на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во формат Решителна поддршка, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.
Учеството на Попоски е на покана на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Ваквото време ќе се задржи и во наредните денови. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.
Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини.