![Nikola Poposki - Sobotna](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/poposki.jpeg?resize=696%2C459&ssl=1)
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска ќе учествува на состанок на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена, објави МИА.
Попоски ќе се обрати пред Постојаниот совет, а ќе има и работен ручек со група амбасадори акредитирани во ОБСЕ.
Постојаниот совет на ОБСЕ е едно од најважните тела на најголемата регионална организација, сочинето од 57 претставници на земјите членки од Ванкувер до Владивосток, соопшти МНР