Заврши дводневниот министерски состанок во Солун на тема прекугранична соработка и бегалска криза, јавува дописникот на Нетпрес од Солун. Мора да пратиме јасна порака, а тоа е дека патот низ Балканот за бегалците нема да го има истиот развој како во минатата 2015 година, порача шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во рамите на заедничката прес-конференција со грчкиот, бугарскиот и албанскиот колега.
Конечното решение мора да го содржи и овој елемент односно дислоцирање на сите мигранти во шатори од самата гранична линија во центрите за прием кои постојат на грчка територија и без тоа да го направиме мислам само ќе се зголемува хуманитарната криза и ќе предизвикуваме дополнителни безбедносни ризици кои не се ниту грчки ниту македонски интерес во овој момент, порача министерот Попоски.
НЕТПРЕС : Дали има нови моменти околу невладините организации што до одредена мера ги организираа инцидентите на границата, која е нивната цел и состав, а пред се , која е улогата на соросовите невладини организации во овој контекст ?
Една работа е сигурна, а тоа е дека постојат активисти, постојат невладини организации и круимчари кои работат со една цел, да ги поништат сите оние резултати кои се направени за контрола на границите. Работат на терен и ги поттикнуваат мигрантите дека со доволен притисок и со доволно насилство може повторно да се отвори мигрантската рута и да стигнат до Германија. Нашата порака е многу јасна: ќе соработуваме со сите организациии кои што помагаат за хуманата димензија на терен да биде правилно адресирана и има многу луѓе кои доаѓаат со добра намера, од овие активисти и НВО кои што имаат за цел да им помогнат на луѓето во потешкотии, но има исто така и значителен број на такви кои имаат агенда за додавање на масло на огнот и за создавање хаос на терен. Ние нема да дозволиме тоа да се случи и со сигурност одлучно ќе одговориме на сите вакви обиди, истакна македонскиот министер, одговори шефот на македонската дипломатија.
На маргините на состанокот, Попоски оствари и билатерални средби со грчкиот и бугарскиот колега, Никос Коѕиас и Даниел Митов. Информирајќи за билатералната средба со Коѕиас, Попоски информираше дека таа била посветена на две теми. Едната е мигрантската криза со конкретни сугестии од македонска страна за зголемување на соработката, а втората тема била посветена на мерките за градење на доверба.
Во однос на Бугарија, постои наше очекување дека Бугарија може да биде еден од пионерите односно најглавните мотори за привлекување на поддршка за европската и евроатлантската интеграција на Македонија во следниот период бидејќи очекуваме дека како наш сосед и членка на ЕУ и НАТО, може да изиграат позитивна улога, истакна Попоски.
Учесниците на дводневниот состанок изразија задоволство поради неговото оддржување, а договорено е вакви средби да се организираат и во иднина, најмалку на секои шест месеци.