Денешниот министерски состанок во Солун е прв од ваков формат на кој присуствуваат Грција и Бугарија кои се членки на ЕУ, и Македонија и Албанија како земји кандидати, пренесе МИА.
Се работи за еден формат кој, како што реков првпат се воспоставува, но сакаме покрај денешната причина која е поврзана со мигрантската криза да го претвориме во формат во кој ќе можеме да дискутираме и за други теми, изјави македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски по завршувањето на министерскиот состанок во Солун на кој учествуваа и некогите колеги од Грција, Албанија и Бугарија.
Тој информира дека целта е најмалку еднаш во шест месеци да има состанок во овој формат и да се дискутира за тековните предизвици, како и за се она што се однесува на добрососедските односи на Балканот.
Мислиме дека тоа е доста позитивна идеја, особено со оглед на фактот што Балканот не секогаш се асоцира со добра соработка меѓу земјите во европски рамки. Во однос на денешната тема, мигрантската криза, најголем фокус беше поставен на ситуацијата на грчко-македонската граница – предизвик со кој се соочуваме во овој момент и веројатно нема да можеме да го надминеме на краток рок, рече Попоски.
Тој додаде дека во одонс на ситуацијата од минатата година која најмногу наликувала на хаос, сега имаме ситуација во која многу од оние мерки кои се преземаат даваат резултати: затворена е балканската мигрантска рута, и тоа е направено на самата грчко-македонска граница и во голем дел ги олеснува приливите дополнителни мигранти кои до Турција доаѓаат во Грција.
Исто така се договоривме дека овој тип на соработка треба да биде засилен во делот на полициските служби, во делот на менаџирање на границите и да се воспостави директен канал на комуникација за спречување на сите оние нелегални обиди за преминување на границата. Можеме да констатираме дека се уште и денес невладини организации, активистите и криумчарите на мигранти соработуваат многу подобро преку граница отколку државните институции, но ова е дел од оној план кој го имаме воспоставено за надминување на овие ризици со поинтензивна соработка, изјави Попоски.
На состанокот е дискутирано и околу можноста соработката да се прошири на двете соседни земји Бугарија и Албанија кои не се засегнати во толкава мера од овие ризици, но можат да бидат доколку се воспостави дека ќе има отворање на нови коридори.
Во меѓувреме, товарот е на Грција за спроведување на договорот меѓу ЕУ и Турција од една страна, и од друга страна тежината на Македонија да ја држи границата затворена за сите нелегални премини, нагласи Попоски и изрази надеж дека дека „ова ќе вроди со плод и со поголема мотивација и на грчка страна да работи на спречување на прекуграничните инциденти и многубројните обиди за нелегален премин кои се уште постојат“.
Тој потенцира дека една работа е сигурна, а тоа е дека постојат активисти, постојат невладини организации и круимчари кои работат со една цел – да ги поништат сите оние резултати кои се направени за контрола на границите.
Работат на терен и ги поттикнуваат мигрантите дека со доволен притисок и со доволно насилство може повторно да се отвори мигрантската рута и да стигнат до Германија. Нашата порака е многу јасна: ќе соработуваме со сите организациии кои помагаат за хуманата димензија на терен да биде правилно адресирана, и има многу луѓе кои доаѓаат со добра намера, од овие активисти и НВО, кои имаат за цел да им помогнат на луѓето во потешкотии, но има исто така и значителен број на такви кои имаат агенда за додавање на масло на огнот и за создавање хаос на терен. Ние нема да дозволиме тоа да се случи и со сигурност одлучно ќе одговориме на сите вакви обиди, истакна македонскиот министер.
Попоски рече дека постојат сериозни последици од фактот што има 20 – тина илјади мигранти на самата гранична линија.
Ова јасно го упативме и во нашите разговори со грчките власти . Одговорот содржи дел на загриженост и од грчка страна, бидејќи тврдењето дека не е едноставно да се испразнат одеднаш камповите, држи, во услови во кои многу од нив се поттикнати од невладини организации да не ги напуштаат шаторите на самата гранична линија. Но, конечното решение мора да го содржи и овој елемент односно дислоцирање на сите мигранти во шатори од самата гранична линија во центрите за прием кои постојат на грчка територија и без тоа да го направиме мислам само ќе се зголемува хуманитарната криза и ќе предизвикуваме дополнителни безбедносни ризици кои не се ниту грчки ниту македонски интерес во овој момент, изјави шефот на македонската дипломатија.
Информирајќи за билатералната средба со грчкиот колега Коѕиас, Попоски рече дека најголем дел од вниманието бил посветен на две теми. Едната е мигрантската криза со конкретени сугестии од македонска страна за зголемување на соработката, координирање на патролите во прекуграничниот режим, почести состаноци и де факто функционирање на реадмисијата. Втората тема била посветена на мерките за градење на доверба. Следната седмица повторно ќе има средба која ќе биде замена за онаа што беше одложена при големиот прекуграничен инцидент, кога повеќе од 2.000 мигранти нелегално ја преминаа грчко-македонската граница.
На следниот состанок за мерките за градење доверба, покрај предизвиците со миграцијата, најголемо внимание ќе се посвети во делот на енергетика, европските интеграции, размената на дипломати и службеници во јавната администрација помеѓу двете земји, културата и универзитетската односно образовната соработка. Во однос на последната точка, предвидено е и потпишување меморнадум за соработка меѓу атинскиот и охридскиот универзитет.
Сметаме дека сите овие типови на соработка, било да е енергетика, култура или образование, се нешто што ќе ја подобри климата меѓу двете земји во услови во кои двете се соочени со сопствени предизвици, рече Попоски и додаде дека мора да се гледа на долг рок и оти и двете земји ќе имааат интерес доколку оваа соработка се продлабочува.
Во врска со средбата меѓу Коѕиас и Нимиц во Луксмебург, грчкиот министер го информирал Попоски дека се одржала средба, и оти ниту грчкиот дипломат, ниту медијаторот не создале некакви очекувања.
Мислам дека тоа е реално бидејќи и Македонија и Грција се прилично зафатени со сопствени агенди. Ние сме во некој преизборен период, тие се соочени со повеќе прашања: мигрантите, меморандумот, гранични инциденти… Така што ова не е идеален момент, изјави Попоски додавајќи дека и посредникот не креирал некакви високи очекувања, а средбата била само формална затоа што се немале сретнато подолг период.
Засега нема најава за нова средба со Нимиц, а според Попоски, во овој период не може да има очекувања дека може да има некакво носење одлуки на таков план без прво да се расчисти она што е домашна агенда и во Македонија и во Грција.
За средбата со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов и неформалните разговори со албанскиот МНР Бушати и претставникот на холандското претседателство со ЕУ, Попоски рече дека е разговарано за повеќе теми, меѓу кои и за билатералната соработка.
Во однос на Бугарија, постои наше очекување дека Бугарија може да биде еден од пионерите односно најглавните мотори за привлекување на поддршка за европската и евроатлантската интеграција на Македонија во следниот период бидејќи очекуваме дека како наш сосед, членка на ЕУ и НАТО можaт да изиграат позитивна улога. Ова беше дискуирано и во контекст на сите оние разговори кои во минатото сме ги имале околу договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, рече Попоски.
Според него, можеби ова не е идеален момент за постигнување на таков договор, но дефинитивно постои долгорочна ориентираност од двете страни, и од Софија и од Скопје, да се работи на овој план и секојдневно да се подобруваат оние полиња на кои може да се постигне резултат.
Со албанскиот министер Дитмир Бушати е разговарано за миграциската криза и нивната загриженост дека по затворањето за нелегалните премини на македонско-грчката граница, Албанија може да биде некој вид на алтернативна рута.
И се разбира, разговарав со сите мои колеги, вклучително и со холандското претстедателство, околу регионалната стабилност. Постои серизона загриженост кај сите чинители околу безбедноната димензија на оваа мигрантска криза. Покрај тоа што можеме да зборуваме за релативно мали бројки на луѓе кои можеби се инфилтрирани меѓу мигрантите, сепак после нападите во Париз и Брисел ова е сериозен извор на загриженост во сите главни градови кој не смееме да го потцениме и на некој начин мораме да бидеме будни пред да се случи некој покрупен инцидент или напад, нагласи Попоски.
Тој заклучи дека преку зголемена соработка на сите земји од регионот ќе се намали ризикот кај сите четири страни. Во тој контекст беше и денешната дискусија меѓу претставниците на министерствата за внатрешни работи од Македонија, Грција, Бугарија и Албанија.