Попоски: Оставка поднесов само од ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Никола Попоски, поранешен министер за надворешни работи и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, демантира дека поднел  оставка  од сите органи на партијата. Тој вели дека минатиот месец поднел оставка само од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Оставката од ИК ја поднесов поради разликите во видувањата за изборните резултати, разликите околу начинот на носење долгорочни одлуки и чувството дека тие водат кон внатрепартиски поделби, кои воопшто не ни се потребни. Ценам дека задржување на единство и фокус на повисоки цели мора да биде над било чии лични амбиции. Член сум во неколку партиски републички комисии и тоа во комисиите за надворешни работи, за европски работи и за одбрана. Останувам посветен на задржување на единството меѓу членовите на ВМРО-ДПМНЕ и реализација на заедничките цели во интерес на Македонија и нејзините граѓани.