Попоски се состана со Хајндл

Попоски се состана со Хајндл
Попоски се состана со Хајндл

Министерот за надворешни работи Никола Попоски се сретна со амбасадорот Јоханес Хајндл, во контекст на неговата мисија како специјален пратеник за Македонија на германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

Соговорниците разменија мислења околу напорите за надминување на политичката криза и насочување кон реформите кои се од клучно значење  за следниот есенски извештај на Европската Комисија, како и задржување на  препораката за водење на пристапни преговори со ЕУ.