
Никола Попоски, носителот на кандидатската листа за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” за Изборната единица 6, денеска ја заврши својата посета на градот Тетово со одржани два мини-митинзи во населбите Певчина и Тетовчанка.
Пред присутните, кои и покрај силниот дожд, дојдоа да ја дадат својата поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, Попоски ги истакна реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ во градот Тетово, кои се однесуваат на патната и комуналната инфраструтура и ги најави новите вложувања во образованието и спортските капацитети во градот.