Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” за изборната единица 6, Никола Попоски, вчера во Дебар се обрати пред насобраните граѓани од градот и околните населени места на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ.
„Долгата традиција на соживот и заедништво која постои уште од минатото, преставува трајна вредност која го одбележува животот и опстојувањето во Македонија“, рече Попоски.
Од предвидените проекти во новата програма за дебарскиот крај, Попоски ги нагласи предвидените инвестиции за реконструкција на основните и средните училишта, подобрувањето на патната и комунална инфраструктура во општината, а како особено значаен потфат ја истакна доградбата на патот од Кичево до Дебар преку Извор. Тој, меѓу другото нагласи и дека под раководсто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Република Македонија работела и ке продолжи да работи со силно темпо кое го подобрува севкупниот живот во Република Македонија и сликата за неа на меѓународен план.