Попоски во посета на Холандија, актуелниот претседавач со ЕУ

Попоски, како што информира македонското МНР, ќе има средби со шефот на дипломатијата на Холандија, Берт Коендерс, со претседателот и членови на комисијата за ЕУ во  холандскиот Парламент, како и со раководството на Институтот за надворешни работи во Клингендал, каде што ќе одржи предавање пред студентите.