Попоски во посета на општините Јегуновце и Теарце

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија” во изборната единица 6, Никола Попоски, денеска е во посета на населените места во општините Теарце и Јегуновце. Дневните активности носителот Попоски ги започна со посета на фабриката за играчки „Мактојс” во Лешок, во која работат вкупно 120 луѓе. 

Дополнително, Попоски го посети Лешочкиот манастир „Св. Атанасиј”, црквата од 14-от век „Св. Богородица”, спомен собата во манастирскиот конак посветена на Кирил Пејчиновиќ, како и гробот на овој македонски преродбеник од 19 век во склоп на манастирскиот комплекс. Посетата на Лешок, Попоски ја заврши со средба со здравствените работници од специјализирана болница за туберколоза и белодробни заболувања „Лешок”.

Посетата на општината Теарце, носителот Никола Попоски ја заврши со средба со жителите на Непроштено и посета на основното училиште во ова село.