-12 Август е денот на кој го одбележуваме Меѓународниот ден на младите. Ден на кој се потсетуваме на изминатите години во кои општеството стагнираше токму поради негрижата за младите, но и ден на кој потенцираме дека таквиот период заврши, објави на својот фејсбук профил, Сергеј Попов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
Како влада и парламентарно мнозинство, приоритет во првите месеци од работата беше грижата за младите во Македонија.
Обезбедивме вработување на 600 специјализанти и регулирање на нивниот статус во здравствениот систем и обезбедивме над 600 милиони денари за студентскиот оброк и стипендиите.
На овој ден, ги повикувам младите да бидат нашиот коректив, да бидат гласни и бунтовни и постојано да се борат за реализација на своите цели, објави тој.