Попов: Младиот земјоделец во Македонија е девалвиран, една хартиена ќеса чини повеќе од килограм грозје

Како УМС сакаме илустративно да прикажеме колку е девалвиран младиот земјоделец во Македонија. Една хартиена ќеса чини повеќе од килограм грозје откупна цена и за еден камион грозје владата дава само 2000 денари.

Додека една група привилегирани блиски до криминалците СДСМ/ДУИ се луксузираат, најголемиот дел од младите едвај врзуваат крај со крај.

За ова се одговорни господата во Влада. Македонија е земјоделска земја и владата мора да инвестира повеќе во младиот земјоделец, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук лидерот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов.