Попов: Младите во Македонија некогаш не биле поразочарани

Како политичка партија којашто учествуваше во донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики, како и во креирање на интегралниот текст на Законот, имаме сосема легитимна и оправдана причина да прашаме зошто Законот не се спроведува, и зошто ниту еден предвиден рок во истиот Закон не е испочитуван? Ние бевме дел од носењето на тој Закон, но обврската за неговото спроведување на останува на владејачката СДСМ, рече во саботата Сергеј Попов, од помладокот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„1. Имено, предвидено е формирање на локални канцеларии за младите во секоја општина во рок од една година од донесување на Законот.

2. Со член 23 од Законот за младинско учество и младински политики, предвидено е одредување на службеник за млади од страна на органите на државната управа, кој што се уште во најголем дел од органите не е одреден и назначен, иако во Законот е предвиден рок од една година.

3. Зошто не е отпочнат процесот за креирање на Национална стратегија за млади, која во Законот е предвидена да финишира 18 месеци по донесувањето на истиот.

4. Според податоците на локалните самоуправи, во најголем дел од општините во Република Македонија, не се формирани младински совети, а онаму каде што се формирани, истите не функционираат.

5. Предвидено е воспоставување на истражувачки центар за различни теми поврзани со младите, од страна на Агенцијата за млади и спорт, во рок од една година од донесувањето на Законот, кој денес се уште не е воспоставен.

6. Зошто не е формирано Националното советодавно тело за младински политики?

7. Зошто не е формирано Национално собрание на млади, кое важи како една од главните цели за функционирање и спроведување на овој Закон.

Почитувани млади на Република Македонија, овој Закон за младинско учество и младински политики е донесен на 24.01.2020 година. Сите набројани рокови се отпочнати да течат со денот на донесувањето на овој Закон, а ниту една од споменатите обврски не е исполнета!

Дали овој Закон на СДСМ беше уште еден во низата на Закони за чист популизам? Како ќе ги погледнете во очи младите луѓе и ќе им кажете дека ги излажавте за се што ветивте со овој Закон?

Постои само едно решение за излез од оваа состојба, а тоа е оставка заради неисполнување на ниту една од ветените популистички мерки, и оставка затоа што младите во Република Македонија никогаш не биле поразочарани, и никогаш не биле помалку на број! Младите заслужуваат подобро“, наброја Попов.