Попов: На местото каде СДСМ ветија студентски град нема ни струјa

Фејсбук објава на Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

„На местото каде ветија студентски град нема ниту струја!

Ново дно кое го достигна СДСМ. Како не ви е срам?

Недела дена се изживувате со студентите, недела дена ништо не преземате, недела дена мензата во студентскиот дом Стив Наумов нема струја.

Директорот на државниот студентски центар под итно да си даде оставка и да превземе одговорност за ова. Осветлување со свеќи во студентски дом е сликата која ќе остане запаметена како симбол на вашата незаинтересираност“.