
Вардар и Горан Попов ги договорија личните услови, и сите информации велеа дека тој ќе го облече црвено-црниот дрес, сепак тоа нема да се случи.
Спортскиот директор на Вардар, Гоце Седлоски потврди дека тие имале се договорено со Попов, но поради технички процедури трансферот не се реализирал.
Македонскиот фудбалер останува член на Динамо Киев откако Вест Бромвич не го откупи неговиот договор.
Пред крајот на преодниор рок, Вардар го комплетираше трансферот на младиот Ерменец, Артур Минарјан кој пристигнува од Шахтјор.