Попова: Наместо програма за развој на Скопје, Шилегов нуди програма за уназадување

Петре Шилегов, СДСМ и Коалицијата на власт не работи за унапредување и подобрување на условите за живот на граѓаните на Град Скопје. Доказ за тоа се планот за изменување и дополнување на планот за програмите за развој. За каков развој станува збор кога денес на 06.07.2021 година Петре Шилегов предлага развојна програма за нова Градска куќа која скопјани ќе ги чини 16 милиони евра а планира да биде завршена до 2023 година, а на почетокот на неговиот мандат ја продаде веќе изградената и пред ставање во функција Градска куќа. Ова не е развојна програма, ова е програма за уназадување, порача советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Попова на денешната седница за ребаланс на Буџетот на Град Скопје.

Попова праша каква е таа развојна програма која Шилегов ја предлага на само три месеци пред истекот на неговиот мандат, укажувајќи дека ги излажал скопјани, од најмлади до највозрасни.

„Каква развојна програма е таа што ја предлагаш на три месеци пред истекот на мандатот за забавен парк којшто ќе чини 16,5 милиони евра, планираш да се реализира до 2023 година а наследи готов Луна парк во фаза на монтирање на веќе набавените реквизити за истиот. Завршија фазите на изненадување и фазите во којшто бараш трпение од Скопјани, затоа што свесни се дека брутално лажеш. Ги излажа најмладите, ги излажа и славејчињата, ги излажа и за Универзална Сала, затоа што дури денес од твојата развојна програма се гледа дека ни догодина Универзална Сала нема да биде реконструирана“, рече Попова.

Истакна дека единствен амандман кој што бил прифатен од страна на Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ бил амандманот за изградба на библиотека во општина Чаир, но како што рече таа Шилегов ги повлеков средствата за овој проект, што само го покажува неговото немање на демократски капацитет.

„Единствениот амандман којшто го предложи опозицијата и беше прифатен при носење на Буџетот на Град Скопје за 2021 година е “изградба на Библиотека во Општина Чаир“, за да денес предвидените пари ги повлекувате и со тоа го покажувате вашиот демократски капацитет. Во кризна година и покрај сите реакции на јавноста зголемувате за уште 3 милиони денари украсување и декорирање на Град Скопје. За заробените дрва и веќе испуканите плочки со коишто партерно го уредувате кејот на реката Вардар со овој ребаланс од 89 милиони денари, скопјани ќе ги чини 105 милиони денари“, рече Попова.

Обраќајќи се до градоначалникот Шилегов, советничката Попова го праша каде се 203 милиони денари од вишокот средства коишто останале непотрошени од страна на средните училишта од блок дотациите од Министерството за образование и наука  којшто со одлука на Советот на Град Скопје ги префрливме во основниот Буџет на Град Скопје.

„На крај, Петре Шилегов, каде се во ребалансот на Буџетот на Град Скопје 203 милиони денари од вишокот средства којшто останаа непотрошени од страна на средните училишта од блок дотациите од МОН којшто со одлука на Советот на Град Скопје ги префрливме во основниот Буџет на Град Скопје. Овие блок дотации се строго наменети за образование, а ти и покрај тоа што не доби Согласност од МОН а доби укажување дека парите се строго наменски за образование ќе ги трошиш за изборен поткуп“, праша Попова.