Деновиве сме сведоци на обелоденување на огромни скандали поврзани со Општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски, кои ги откриваат токму неговите најблиски соработници советници од СДСМ кои го обвинуваат дека тоне во корупција и јавно го прашуваат за поткуп од 200.000 евра, изјави во петокот Зоран Поповски од ВМРО-ДПМНЕ
„Го прозиваат дека не може да се добие никаква маркичка или решение без да се плати. Тие што го знаат најдобро, му го знаат и системот. Велат дека сѐ одело преку неговиот возач. Мирослав Шиповиќ изминативе денови јавно проговори за расипничкото однесување на градоначалникот Жерновски. Градоначалникот на општина Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари“, потсети Зоран
Истакна дека во информациите објавени од страна на Шиповиќ има доста работа за надлежниот Јавен обвинител, бидејќи станува збор за сериозни наводи кои не смее да останат само на напишаното и да се третираат како вербално препукување, туку мора сериозно да се истражат.
„Правната држава и судовите сега се под притисок од СДС и се плашат. Кога ќе замине СДС од власт правната држава ќе се врати и одговорност ќе има за секој криминал. Жерновски и СДС претставуваат класичен пример како не треба да се управува со една општина“, порача Поповски.
Граѓаните од општина Центар, додаде Поповски, знаат дека Жерновски и СДСМ не реализираа ништо што ветија, ниту некогаш ќе реализираат нешто и оти жителите на оваа скопска општина гледаат дека сѐ што доаѓа од СДСМ е една голема лага и поради тоа ќе ги казнат на локалните избори на 15-ти октомври.