Поповски: Очекувајте напорна работа и многу проекти!

Студентите заслужуваат да добијат лидер кој ќе ги води напред и ќе ја тргне дамката која беше нанесена во изминатите години. Ова го истакна Давор Поповски, новиот претседател на СПУКМ.

Воедно сакам да му честитам на мојот против-кандидат кој беше фер и коректен во текот на целата кампања. Мислам дека по долго време редно е некој да се залага за подобрување на студентскиот стандард. Во овие 2 години ветувам дека максимално ќе се залагам заедно со мојот тим да ја остварам целата програма, истакна Поповски.

Новиот лидер се осврна и на вчерашните случувања. Рече дека во текот на целиот изборен процес на сите факултети имало набљудувачи и оти изборот беше рагуларен.

Единствено не се согласувам што во одредени периоди се креваа тензии на Правниот факултет и им се извинувам на студентите што не успеаа да гласаат. Сакам да повикам на смирување на тензиите, да се тргнат сите политички партии од ситуацијава. Ние студентите сме доволно свесни сами да ја креираме нашата иднина и да го вратиме достоинството. Очекувајте напорна работа и многу проекти, додаде Поповски.