Поповски: Владата на СДСМ е вистинско цунами за македонското земјоделство

Зоран Поповски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ за овие 100 дена била вистинско цунами за македонското земјоделство.

– СДС наместо покачувањата и поволностите за земјоделците кои ги ветуваше за време на изборите, им скрати од буџетот за земјоделие без око да им трепне. Земјоделските субвенции за кои велеа дека ќе ги зголемат не ги зголемија. Нема никакво предвижување и во окрупнувањето на земјоделското земјиште. Изминативе 100 дена земјоделците се соочија со многу сериозен проблем со откупот на земјоделски производи. Земјоделскиот труд и производ е потценет, рече Поповски.

Тој рече дека СДСМ покажале чисто политиканство без конректни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги мачат земјоделците.

– СДС се што вети излажа. СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија. СДС за нивната катастрофална политика и неработа ќе бидаат казнети од граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври, рече Поповски.