Обновен е резервниот електричен вод до нуклеарната централа Запорожје, пружајќи ѝ доволно струја да ги излади своите реактори, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA).
„По вчерашното поправање на електричниот вод операторот на ЗНПП (нуклеарната централа Запорожје), утрово го затвори последниот активен реактор кој минатата седмица на централата ѝ даваше струја, по исклучувањето од мрежата за снабдување. Таа струја сега повторно доаѓа од мрежата“, објави IAEA на Twitter.
Украинската енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти ноќта кон неделата дека како безбедносната мерка е запрена работата на нуклеарката која од почетокот на март е под контрола на руската војска
„Централата Запорожје е целосно запрена откако агенцијата го исклучи реакторот 6 од мрежата во 3,41 часот утрото. Во текот се подготовките за неговото ладење и пренесување во ладна состојба“, објавија од „Енергоатом“.
Исклучување на нуклеарна централа е комплициран процес во кој треба да се запре нуклеарна верижна реакција и да се спречи нуклеарното гориво да се загрее и предизвика тлеење на јадрото на реакторот.
Поради гранатирањата расте страв дека е можна нуклеарна катастрофа како онаа во украински Чернобил во 1986 година. Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ кон крајот на август соопшти дека руските сили наводно планираат да ги исклучат функционалните енергетски блокови во централната и да ги исклучат од украинската електрична мрежа, што е опасен процес. Според нив, исклучувањето на сложените генератори од украинската мрежа би оневозможило да бидат користени за ладење на нуклеарното гориво во случај на прекин на струјата во нуклеарката.
Последните седмици Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери. Малку е веројатно дека руската војска би ги гранатирала сопствените позиции. Во гранатирањето веќе е оштетена високонапонската врска на трафостаницата Каховскаја, по што мораше да се намали капацитетот на две енергетски единици.