Популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 отсто од 1970 година

Светската организација за заштита на природата WWF, денеска на Меѓународниот ден на биолошката разновидност, предупреди на драматичното опаѓање на биодиверзитетот во светот и повика да се преземат итни конкретни мерки за да се запре овој тренд.

Според последниот извештај на WWF за состојбата на планетата, популацијата на диви видови се намалила во просек за 69 отсто од 1970 година.

WWF потсетува дека пред половина година беше усвоена Глобалната рамка за биолошка разновидност Кунминг-Монтреал, која го обврза светот да го запре и да го врати губењето на биолошката разновидност до 2030 година.

Според најновиот извештај за состојбата на планетата на WWF, популацијата на дивите видови е намалена во просек за 69 проценти од 1970 година, додека пред нешто повеќе од една деценија, Извештајот за состојбата на планетата на WWF покажа дека популацијата на видовите се намалила за околу 30 проценти во однос на 1970 година.

Денес е особено алармантно за популацијата на слатководните видови кои се намалени за 83 отсто во однос на 1970 година, се наведува во соопштението.

WWF посочи дека биодиверзитетот е мрежа на животот на земјата.

Како што е наведено, 80 проценти од луѓето кои живеат во руралните области во земјите во развој се потпираат на традиционални хербални лекови за основни здравствени потреби.

Повеќе од 70 отсто од природните површини се претворени во обработливо земјиште.

На глобално ниво, 40 отсто од храната произведена на овие обработливи површини се фрла, што покажува дека мрежата на животот во таа област е уништена за ништо, велат од WWF.