Populast.com сајт за следење вирални содржини на социјалните мрежи

Страницата populast.com изработена од компанијата ТАЈМ – БОРГ, којашто стои зад популарната македонска страница time.mk, од вторникот официјално е пуштенa во употреба.

Страницата ги следи објавите на социјалните мрежи Facebook и Twitter на повеќе од
200 популарни светски медиуми како CNN, BBC, Guardian, NBC, Reuters, и многу други
(целата листа е овде populast.com/sources)

Популарноста, од таму и името на сајтот last popular news – populast, се пресметува како
зголемен интерес на читателите кон одредена објава споредено со другите објави од истиот медиум. (Повеќе детали можете да најдете овде: populast.com/about).

Други можности кои ги нуди страницата е да ги погледнете најдобрите постови на одреден медиум  во последните 24 часа, седмица и месец. На пример: populast.com/source/scientific – american за последните 24 часа или populast.com/source/reuters/week – за последниот месец.

Дополнителна можност е корисниците ја персонализираат содржината која ќе ја читаат со дополнително филтрирање/блокирање на содржини од медиуми кои не се од нивни интерес или приказ на содржини само од посакуваните медиуми.

Корисничка сметка најлесно може да се направи со пријавување на следната адреса populast.com/settings со вашиот Facebook или Gmail account.

Страницата се уште се надградува, а коисниите може да предложат одредени медиуми кои објавуваат на англиски јазик, да бидат додадени во системот со праќање емаил на следната адреса: [email protected]