Денес на второ читање, со консензус помина законот за намалување на судските такси, пишува на својата Фејсбук страница претеникот Љупчо Пренџов.
„Нагласив дека Министерството за Правда треба сериозно да се позанимава со интерните одлуки во рамки на судовите ( со нагласок на Основен Суд Скопје) каде што си прават сопствени акти со кои ги “дерат” граѓаните. Така на пример во Основен Суд 1 Скопје ако сакате да го земете доказниот материјал, за да спремите ваша одбрана пред судот, ќе мора како граѓанин да платите 80 денари по лист хартија. Бадијала ги намалуваме судските такси и им велиме на граѓаните дека им ја олеснуваме правдата, ако, се продолжи праксата судовите да им бараат по илијадници евра за листови хартија кои не чинат ниту 100 денари, пишува во својата објава претеникот Пренџов.