Македонија Ѓорче Петров и официјално претстави уште едно летно засилување, Јован Попзлатанов.
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија доаѓа од Рига од екипата на РФС, има 24 години, а настапуваше и за Вардар, Пелистер и Тетекс.
Кога е во прашање пак Македонија ЃП, тие воедно ја продолжија соработката со Боби Божиновски, Ермедин Адем, Кристијан Филиповски, Самир Фазли и Есмин Личина, додека Андреј Стојанов и Дашмир Берзати се прекомандувани во првиот тим и ќе патуваат на подготовките во Банско.