Американскиот технолошки гигант „Facebook Inc“ откри „неисправна промена на конфигурациите“ за речиси шестчасовната блокада којашто спреми 3,5 милијарди нивни корисници да им пристапат на социјалните мрежи и услуги за размени на пораки како што се WhatsApp, Instagram и Messenger.
Компанијата на својот корпоративен блог не наведува кој ја извршил промената на конфигурацијата и дали таа била планирана. Неколку вработени на „Facebook Inc“ кои сакале да останат анонимни претходно за Reuters изјавиле дека веруваат оти прекинот се случил порадиинтерна грешка во начинот на кој се насочува интернетскиот сообраќај.
Пробеите на интернетските комуникациски алатки и дугите ресурси кои зависат од истата мрежа ги засилеле проблемите, рекле вработените. Стручњаците за кибернетичка безбедност не ја отфрлуваат можноста за ненамерна грешка, но ниту за саботажа.
Испаѓањето на Facebook од глобалната мрежа беше вотирот удар за компанијата неколку дена откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека зачестено дава предноста на добивката наместо на сузбивањето на говорот на омраза и ширењето омраза на своите социални платформи.
Акциите на „Facebook Inc“ загубија на вредноста уште по извштајот на „свиркачот“, а потоа продолжија со падот. Додека корисниците поитаа кон конкурентските апликации како што се Twitter и TikTok, акциите на Facebook паднаа за 4,9 отсто до крајот на тргувањето во понеделникот по американско време, што е нивниот најголем дневено пад од ноември 2020 година.
Како најголем продвач на интернетските огласи по Google во светот, Facebook губел по окоу 545.000 долари приходи од огласите само во САД во еден час, според процените на аналитичарската компанија „Standard Media Index“.
Дури малку пред полноќ по средноевропско време платформите на Facebook почнаа да се поврзуваат со интернет, речиси шест часа по глобалниот пад.