Еден од најдобрите НБА центри, Марк Гасол и понатаму ќе го носи дресот на екипата на Мемфис Гризлис.
Шпанскиот репрезентативец реши да прифати понудата на клубот од Тенеси вредна 110 милиони долари за петгодишен договор. Во оваа зделка има и ставка во која договорот може да биде и предвреме прекинат по четвртата година.
Гасол е клучен играч на Гризлис, тим за кој во минатата година на 81 натпревар просечно бележеше по 17,4 поени, 7,8 скока и 3,8 асистенции.